April 19, 2024

Спасеновски: 255 години по 1767, Охридската архиепископија повторно во канонскиот поредок на Црквата предводен од Вселенската патријаршија

Прашањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е последното нерешено важно национално и државно прашање чие успешно надминување неповратно ја зацврстува и ја унапредува стабилноста на нашата држава, пишува Александар Спасеновски, пренесува РЕЛИГИЈА.

„Одлуката на Вселенската партијаршија да ја прими наследничката на славната Охридска архиепископија во канонско единство е повеќе од историска бидејќи после толку децении конечно се признава каноничноста на нашата црква и се остваруваат вековните стремежи на православните христијани за своја признаена црква.

Со одлуката, Вселенската патријаршија уште еднаш ја покажа својата големина и историска одговорност, а личноста на патријархот Вартоломеј, пак, како и неговото наследство управувајќи ја Црквата овие децении, претставува голем благослов бидејќи оваа генерација православни христијани конечно почнаа да го сведочат чинот на вклучувањето на наследничката на славната Охридската архиепископија во заедницата со останатите православни цркви чија глава е Вселенската патријаршија. За многу години“ – пишува тој.


1140