ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола го одбележа Меѓународниот ден на семејството!
ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола го честита меѓународниот ден на Семејтството со трибина на која беше потенциран развојот на позитивното родителство, обезбедување на безгрижно детство и функционално семејство и обезбеди донација за Здружението за поддршка на деца и семејства со атипичен развој ,,Хармоничен свет“. Донацијата се состоеше од специјализирани едукативни и дидактички материјали кои ќе го подобрат квалитетот на услугите и третманот на децата со попреченост и нивните семејства.
На настанот се промовира дека семејството е мостот кон иднината и столбот на едно општество!
Се потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ претставува едно големо семејство кое како демохристијанска партија ги синтетизира идеалите на христијанството и демократијата, ги почитува, негува, вреднува традиционалните вредности на семејството и затоа ВМРО- ДПМНЕ е мостот кон иднината и столбот на Република Македонија!





