May 29, 2023

ТРАНСФОРМАТОРОТ НА БЛОК 3 ЗАМИНА НА ПОПРАВКА ВО СРБИЈА

Четири товарни камиони и еден вагон ги транспортираат деловите и јадрото на трансформаторот во фабриката Комел во Белград, каде постројката повторно ќе биде составена, па потоа ќе започнат испитувањата.

Стручните лица во РЕК Битола велат дека операцицијата за транспорт на трансформаторот е уникатно искуство за нив, и покрај долгогодишниот стаж во комбинатот. Се надеваат дека успешно ќе заврши и репарацијата на постројката, по што истата ќе биде ставена во функција која ќе биде најпотребно.

Во подготовките за транспорт на трансформаторот од РЕК Битола до Србија подолго време се вклучени и лица од фабриката Комел каде ќе се врши репарација на постројката. Тие велат дека имаат долго и богато искуство со оваа проблематика, со децении работат во областа на електроенергетиката и соработуваат со познати светски компании како што се Сименс, Џенерал Електрик и други.


1002