ЈОУ Културен и информативен центар – Битола Ви најавува
Детска кино програма во „Кино Манаки“
Со особена возбуда ја најавуваме детската филмска програма во „Кино Манаки“ при ЈОУ Културен и информативен центар Битола, со што го означуваме и почеток на репертоарската програма на ова кино. Да потсетиме, „Кино Манаки“ е реплика на познатото кино на браќата Манаки, пионери на филмската камера на Балканот, опремено со најсовремена кино опрема и услови за проекции, што ги зголемува потенцијалите на Општина Битола и Културен и информативен центар Битола, за промовирање на кино културата и пренесување на традицијата на следните генерации. Филмовите се внимателно селектирани и наменети за детската возраст. Првата филмска проекција започнува со филмот „Стакленото момче“ од Самуеле Роси.