April 18, 2024

Деновиве, Фитнес Паљо го прослави 27 роденден. Тоа беше повод да разговараме со Зоран Лазаревски Паљо на повеќе теми. Нескромно е да кажеме, дека тој е еден од најпознатите македонски спортисти и битолска урбана жива спортска градска легенда.

Неодамна Фитнес Паљо го прослави 27 роденден. Која е формулата за долгогодишна успешна работа?

Формулата за долгогодишна успешна работа посебно во нашата држава е да си натчовек, упорен, никогаш да не се откажваш и да си ја сакаш работата. Без љубов ништо! Секој шо е успешен долги години во нашата држава сегде во светот ќе биде 10 пати поуспешен зато шо овде за жал се изгубени вистинските вредности ама како шо реков нема откажвање, борба до крај и урааааа само!

Колку се заинтересирани нашите битолчани за фитнес и боди билдинг?

Битола е прогласен за град на билдерите уште во бивша Југославија, долга традиција и многу шампиони во боди билдинг излегоја од Битола. Таа традиција трае и ден денес, има голем интерес во Битола за боди билдинг и фитнес.

Бевте многу гласни за време на пандемијата против затворањето на вежбалните, бидејќи сметавте дека тие го подобруваат здравјето. Дали сте уште на тој став?

Повеќе од сигурно е дека теретаните го подобруват здравјето. Ние исто како и животните сме дијзанирани да се движиме, дојдени сме од природата а не од бетонските згради и зато движењето и спортот се број еден за нашето здравје и ментално и физичко и зато урааа, сите на вежбање!

Дали Паљото уште редовно и активно вежба? И дали има членови на ваша возраст кои тренираат со вас?

Сеуште активно вежбам и ќе вежбам до крајот на животот и плус возам велосипед и пешачам. правам се шо можам, живеам во еден здив оти знам животот е краток! Се има рок на траење, не губете ни секунда, правете го тоа што ве прави среќни и спортовајте. На моја возраст има неколку членови. Тоа е мал број, додека во светот има многу повеќе. Кај нас лугето прерано се откажват од се. Не го забрзвајте крајот, неберете гајле крајот ќе дојди трудете се да ја продолжите младоста.

Дали брачниот живот го смири битолскиот шмекер и дали го промени вашиот начин на живеење?

Брачниот живот секогаш зависи од партнерот, ако имате разбирање и се сложувате ќе ви биде супер! Ние се разбираме и се сложуваме и супер функционираме заедно. Брачниот живот воопшто не ми пречи да си ги правам работите кои ме прават среќен. Брачниот живот го промени мојот живот на подобро, поделената тага е помала, поделената среќа поголема!

Текст: Шенол Мемиш

Фотографии: Од приватна архива на соговорникот


1052