Креативен Ден на СОУ„Таки Даскало„ – Битола и Продукција „Божиловиќ”
СОУ„Таки Даскало„ – Битола и Продукција „Божиловиќ” во соработка и поддршка со Културен и Информативниот центар – Битола, организираат „Креативен Ден“ на 4 јуни во 20:30 часот во Палатата на културата – Офицерски дом во Битола.
„Креативен Ден” е промотивен настан, во кој главен збор имаат средношколците од Текстилната струка во СОУ„Таки Даскало” – Битола, заедно со локалните модни креатори според претходно зададена тема од професорите, а оригиналните модни креации ќе ги носат успешни дами од градот Битола.
Настанаот претставува линк помеѓу образованието и бизнис секторот, а организаторите подрждржуваат и поттикнуваат претприемништво кај младите и валоризираат домашни брендови.
Настанот ќе се одржи :
време : 04.06.2022 год. со почеток во 20.30 ч.
Локација : Палата на културата – Офицерски дом (Долна сала)
