March 28, 2024

Цветановски: И јас сум Ламбе Алабаковски!

Новинарот Љупчо Цветановски изрази поддршка за пејачот Ламбе Алабаковски откако беше соопштено дека бил уапсен за потпалување на клубот Ванчо Михајлов во Битола. На неговиот фејсбук профил Цветановски напиша:

И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Lambe Alabakovski!

Власта која не смееше ни на сон да дозволи отворање на клуб со името на МАКЕДОНОУБИЕЦ И ФАШИСТ како Ванчо Михајлов, сега се фали дека го фатила МАКЕДОНЕЦОТ кој испровоциран од забеганата провокација запали табла со името на македоноубиецот?!?!?

Уапсете го оној суртук кој дозволи клуб со вакво име воопшто да се отвори, не Ламбе!

Политиканти, без образ и трунка достоинство, гордост и чест македонска во себе. Чувството на срам од оваа влада секојдневно расте. Немаат мерка, исав уште помалку, срам ни за лек. Доста е!

И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Lambe Alabakovski!


1012