March 29, 2024

ПЕЛАНЕТ НЕОФИЦИЈАЛНО ДОЗНАВА – ОСУМ ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

Според извори од Обвинителството судија на претходна постапка му определил осум дена притвор на Ламбе Алабаковски, осомничен дека го подметнал пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​


1011