Бесплатни гинеколошки прегледи и ПАП тестови во Општина Могила
Бесплатни гинеколошки прегледи и ПАП тестови се овозможени со поддршка на Црвен крст, во мобилната амбуланта која е поставена пред амбулантата и аптеката во општина Могила.
Вчера се реализираа прегледи, и денес од 8h жените имаат можност да направат преглед.
Прегледите и ПАП тестовите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.
Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации .