Семејството пред се – порачаа битолчани
На плоштадот “Магнолија“ во Битола на 26.06.2022 година, се одржа Семакедонски Собор за заштита на семејните вредности, на кој се зборуваше за семејството како еден од најважните столбови на едно здраво и нормално општество.
Во име на организаторите “Македонското обединувачко движење“ од Битола протестот го отвори Драгана Спасевска, после неа зборуваше и Протоереј Златко Костовски, кој до присутните го пренесе поздравот и благословот од Владиката Петар., a како говорник се јави и студентката на Филозовскиот факултет, отсек по семејни студии, Елена Михајловска.
По одржување на општиот семакедонски Собор за заштита на семејните вредности, се одржа и марш по Широк Сокак, кој го следеа масовно сите посетители.



