December 3, 2022

ИСВИРКАН НА ГАЛИЧКА СВАДБА: Како неканет сват Стево Пендаровски пречекан со „уа“, свирежи и „никогаш северна, само Македонија“

Со негодување, свирежи, извици „уа“ и „никогаш северна, само Македонија“ денеска беше пречекан претседателот Стево Пендаровски во Галичник, од каде што му е потеклото, на македонската манифестација Галичка свадба.

На социјалните мрежи се појави видео од Галичката свадба каде што присуствуваат членови на Владата и Пендаровски. На видеото може да се види и слушне дека граѓаните ги исвиркаа властите, а се слуша и „никогаш северна само Македонија”.

Овој револт кај Македонците доаѓа по вчерашниот ден кога власта во Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата на вонредна седнца го прифати предлогот. Исвирканиот Пендаровски вчера го поздрави ваквиот чекор, а денеска му стигнаа првите свирежи од македонскиот народ.

Денеска, пак, министерот Бујар Османи во Бугарија го потпиша Протоколот со Бугарија, а неговата бугарска колешка Генчовска изјави дека Бугарија не го признава македонскиот јазик и вистински преговори со ЕУ ќе почнат после промена на Уставот за внесување на Бугарите во него.

Наспроти ова тврдење од Бугарија, македонските политичари, од уста не го вадат „македонскиот јазик“ како забетониран во ЕУ и Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *