December 3, 2022

”Високо под ѕвездите” – прекрасен настан на големо езеро на Пелистер

Организатор на „Високо под ѕвездите“ е ПСК Олимпус Монс во соработка со Општина Битола.

Дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, беше и еден специфичен настан, кој поврзувајќи ги културата и туризмот, предизвика голем интерес, посебно кај вљубениците во планината, кои дојдоа да ја почувствуваат убавината на најакустичната природна сцена на Големо Езеро на Пелистер, на 2218 мнв.

Организатор на „Високо под ѕвездите“ е ПСК Олимпус Монс во соработка со Општина Битола, а настанот започна вчера со искачување од Нижеполе, од 1200 метри надморска височина, се до Големо Езеро, каде се искачија над 300 учесници, од 30 градови низ државата, кои имаа можност да уживаат во целовечерен музичко – сценски настан, придружуван со настапот на Сити Бенд.

Тоа што остави дополнителен впечаток од овој настан беше и несекојдневната можност преку телескопот на астрономот Радан Митровиќ да се набљудуваат Месечината, како и планетите Јупитер и Сатурн. Магијата продолжи до раните утрински часови кога од Врвот Ветерница се набљудуваше изгрејсонцето над Големо Езеро на Пелистер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *