„Ова што се случи во Прилеп е директна ЗАКАНА И НАРАЧАН НАПАД КОН ПРАТЕНИК ОД ОПОЗИЦИЈАТА“

„Ова што се случи во Прилеп е директна ЗАКАНА И НАРАЧАН НАПАД КОН ПРАТЕНИК ОД ОПОЗИЦИЈАТА“

Ова што се случи во Прилеп е директна закана и нарачан напад кон пратеник од опозицијата (Петар Ристески), заради неговите политички критики кон власта за предавничкиот протокол со Бугарија. Денес во 1.15мин после полноќ подметнат му е пожар под неговото возило и возилото на неговата сопруга, пред домот во Прилеп, каде живеат со трите деца, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски додава дека во Прилеп јавна тајна е дека дел од раководството на МВР е во дружба со мафијата и наркодилерите во градот, организираниот криминал е во пораст, рекетирањето на стопанственици и лихварството исто така.

– Ова полициско-мафијашко партнерство не ретко го користи и директниот линк со централата во МВР, преку советникот на министерот од Прилеп. Жртви на ваквиот организиран притисок во Прилеп не се само јавни личности, туку и стопанственици кои не сакаат да платат рекет, како и обични граѓани. Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо, Гешоска и шоферот Китаноски, и многу работи ќе ви станат појасни. Во МВР Прилеп има метастази од криминал, а соработката со мафијата во градот за дел од началниците е и голем бизнис, потенцира тој.

Милошоски истакнува дека се се врти, заплашувањата нема да им поминат, а крајот на ваквите злоупотреби во МВР ќе дојде побрзо отколку што си мислат.

Antonio Miloshoski

2 hrs ·

⚠️ Ова што се случи во Прилеп е директна закана и нарачан напад кон пратеник од опозицијата (Петар Ристески), заради неговите политички критики кон власта за предавничкиот протокол со Бугарија. Денес во 1.15мин после полноќ подметнат му е пожар под неговото возило и возилото на неговата сопруга, пред домот во Прилеп, каде живеат со трите деца.

📌 Инаку во Прилеп јавна тајна е дека дел од раководството на МВР е во дружба со мафијата и наркодилерите во градот, организираниот криминал е во пораст, рекетирањето на стопанственици и лихварството исто така. Ова полициско-мафијашко партнерство не ретко го користи и директниот линк со централата во МВР, преку советникот на министерот од Прилеп. Жртви на ваквиот организиран притисок во Прилеп не се само јавни личности, туку и стопанственици кои не сакаат да платат рекет, како и обични граѓани. Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо, Гешоска и шоферот Китаноски, и многу работи ќе ви станат појасни. Во МВР Прилеп има метастази од криминал, а соработката со мафијата во градот за дел од началниците е и голем бизнис.
📢 Но, се се врти. Заплашувањата нема да им поминат, а крајот на ваквите злоупотреби во МВР ќе дојде побрзо отколку што си мислат.

OSCE Mission to Skopje Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ Delegation of the European Union, Skopje Ambassade de France à Skopje Markukule.Mk Sitel Tv

May be an image of fire and outdoors

1371

Задолжително

Verified by MonsterInsights