Освен „нечиста крв“ има и крвави тендери, ЗОШТО ФИЛИПЧЕ Е УШТЕ НА СЛОБОДА?

Македонија доколку беше правна држава уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот  „нечиста крв“. Додуша Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини, и мал милион други коруптивни скандали, па гледаме дека надлежните не мрднуваат ни со прст, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие истакнуваат дека за конкретниот скандал кој ја бранува јавноста, одговорноста на Филипче е дека не преземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи.

– Како што информираат медиумите тој како министер за здравство знаел и ништо не преземал, туку напротив на еден или на друг начин ја промовираше здравствената институција. Овде се работи за целосно затајување на системот. Како што дознаваме од медиумите Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале, потенцираат од партијата.

Оттаму додаваат дека Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова.

– Дали и какви финансиски бенефити имал Филипче од овој скандал? Зошто Филипче и покрај предупредувањата на одредени медицински авторитети дозволил некој на грбот на народот да спроведува скапи третмани за кои сега дознаваме дека не биле научно потврдени, стои во соопштението.


1088

Задолжително

Verified by MonsterInsights