December 7, 2023

Ковид-19: Речиси 800 нови случаи од само 1774 тестирања

Стапката на позитивни ковид-19 тестови во последното деноноќие изнесува 44,6%, што значи дека речиси секој втор тестиран бил позитивен на ковид-19

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 792 нови случаи на ковид-19. Релативно високата бројка на новозаразени за земјата е добиена од мал број на тестови, 1774. Или, процентуално, 44,6 отсто од сите кои се тестирале биле и позитивни. Волку високи процент на позитивни тестови беше својствен за периодите кога за кратко земјата стигнуваше и до 20 000 активно болни.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, велат од здравство, новите случаи се регистрани во:

  • Скопје – 370;
  • Битола – 62;
  • Кавадарци – 41;
  • Куманово – 39;
  • Велес – 32;
  • Прилеп – 31;
  • Тетово – 29;
  • Охрид – 27;
  • Кичево – 22;
  • Струмица – 18;
  • Гостивар – 14;
  • Свети Николе – 14;
  • Штип – 13;
  • Гевгелија – 13;
  • Неготино – 11;
  • Кочани, Крива Паланка, Ресен, Радовиш, Струга, Дебар, Демир Хисар, Делчево, Берово, Валандово, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – помеѓу 1 и 9 слуачаи.

Од вкупнито број на позитивни (792), регистрирани се 203 реинфекции велат од Министерството за здравство. Во исто време, пак, регистирани се 317 оздравени пациенти. Од Скопје – 171, Битола – 27, Куманово – 18, Прилеп – 15, Тетово – 12, Кавадарци и Велес – по 9, Охрид – 8, Гостивар – 7, Кочани – 6, Неготино и Крива Паланка – по 5, Гевгелија – 4, Струмица, Штип и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2, Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Во последното деноноќие, велат од Министерството за здравство нема починати лица од ковид-19. Но, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г).  Двајцата се починати  во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022г.

Во моментов, во земјата има 3 595 активни случаи на ковид-19. Половината (1 767) се во Скопје, по што следи Битола (267), Охрид (170), Куманово (166) и Кавадарци (160).


1010