December 5, 2022

Битола не знаела како да потроши 1.397.000 евра од Светска банка

Пари за инфраструктурен развој на Битола имало, ама, немало проекти.

Средствата се од Меѓународна банка за обнова и развој, одлука за користење донела и Владата, „стоеле“ нереализирани 2години, а треба да бидат потрошени за да не бидат изгубени до 2024 година. За овие пари градоначалникот Коњановски одржал состаноци со претставници на Светска Банка и договорил да се реализираат 3 проекти „Реконструкција на улица „Индустриска“ (ул.Бурса) во должина од 2,4 километри, која ќе биде нова обиколница во градот, за што проектот е изготвен, Реконструкција на комплетна инфраструктура на повеќе улици во должина од 2060 метри, за што проектната документација е во завршна фаза и третиот проект: Изградба на велосипедски патеки – за што имаме одобрен сообраќаен проект и работиме на градежен и изведбен проект.“ ги информираше Д-р Коњановски денеска советниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *