September 30, 2022

СВР Битола учествуваше во одбележувањето на Светскиот ден на првата помош

СВР Битола денеска (17.09.2022)учествуваше во одбележувањето на Светскиот ден на првата помош како дел од Конвенцијата на прва помош која се одржа во Битола на која учествуваа сите организации на Црвениот крст од државата.
На неколку локации по “Широк Сокак” во Битола се прикажа укажување на прва помош и заштита.
СВР Битола покрај обезбедување на настанот беше присутна и при изведување на вежба симулација на пожар и сообраќајна незгода во Битола, како и пружење на прва помош на настраданите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.