Светот се прости од кралицата Елизабета Втора

Мирно и со 2 минутен молк светот стоеше денеска на пладне во знак на почит за починатата Елизабета Втора од Обединетото Кралство –Велика Британија.
Личниот свирач на гајда како последна желба на Кралицата ги обедини во Вестминистерската Опатија луѓето од целиот свет и луѓето од сите вери кои на 262 ден од 2022 година посакаа небесно царство за Елизабета која беше на чело на британскиот трон 7 децении. Ковчегот, поставен на одарот кој се користел за погребот на кралицата Викторија во 1901 година, го влечеа 147 припадници на кралската морнарица, а редоследот на погребната церемонија, извадоците од Библијата кои се читаа и изборот на музика биле дел од желбите на Елизабета. Како дел од својата јавна работа како кралица пред извесно време го одобрила планот за нејзиниот државен погреб. Свирењето на војничката „Последна пошта“ го означи почетокот на нејзиното последно патување од Опатијата , преку замокот Виндзор до црквата св. Горѓи кадешто и ќе се одржи приватната кралска погребна церемонија.
Вестминстерската Опатија е место кадешто Елизабета Втора беше крунисана во 1953 година, а шест години претходно венчана за Принцот Филип. Знамето , кралскиот бајрак , поставен на нејзиниот ковчег кој ги означува Англија ( три златни лава), Шкотска ( црвен лав) и Ирска ( харфа) кралицата Елизабета Втора го стави како свој завет пред 7 децении и, до својата смрт успеа да ја реформира , модернизира и популаризира британската монархија
Својот кралски пат го започна во т.н пост-империјалистичка ера кога многумина во светот верувале дека Обединетото кралство веќе нема да претставува јака политичка сила.Но, нејзината иницијатива за обединување на земјите кое биле дел од британската империја во заедница за слободна трговија ги демантираше предвидувањата. Комонвелтот има 54 држави распослани по сите континенти, со 2,4 милијарди жители, што е една третина од човештвото. Ја потврдува сликата за Обединетото Кралство од викторијанското време како „царство во кое сонцето никогаш не заоѓа“.
Иако родена во време на строга дворска етикеција , Елизабета ги прифатила критиките за изолираноста на круната од своите поданици. Првиот документарен филм „Кралско семејство“ имал за цел да го претстави обичното семејство на Елизабета, Војводата Филип и нивните деца. И Елизабета успеала во својата намера да го промени начинот на кој граѓаните го доживувале својот монарх, процес кој го започнала со своите одлуки членови на кралското семејство да присуствуваат на сите настани организирани низ државата и во земјите од Комонвелтот. Истовремено Елизабета ги прифатила критиките за преголемото трошење на кралското семејство, па најпрвин биле скратени финансиите кои до денес ги добиваат најблиските припадници на семејството. А од 90те години на минатиот век, плаќаат данок на имот. Иако затекната од смртта на поранешната снаа Принцезата Дајана, иако по силна критика од јавноста,Кралицата и оддаде почит, а продолжи со целосно отворање за јавноста – одржувала тематски денови и средби со граѓани, медиуми, уметници, и правела неформални посети на Лондон. Позната е анегдотата на американски брачен пар кои сретнувајќи ја Елизабета 2 и кажале колку личи на Кралицата и ја прашале дали ја има сретнато. Елизабета тогаш придружувана од еден свој телохранител одговорила „јас не, ама пријателов ја познава“.
Задржувајќи дел од строгите правила за комуникација со Кралицата, Елизабета втора стана столбот на сигурност за граѓаните на Британија. Турбуленциите во нејзиниот живот од 2019 година наваму – сообраќајната незгода и смртта на нејзиниот сопруг, обвинувањата за сексуана злоупотреба на Војводата од Јорк, принцот Ендрју и желбата на принцот Хари да се ослободи од кралските должности ја натераа Елизабета Втора да се повлече од своите кралски должности во замокот Балморал , Шкотска. Последната кралска одлука и била назначувањето на Лиз Трас за 15 британски премиер.
