October 2, 2022

Општина Битола и Фондација „Бибевски“ заедно против кучињата скитници

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и претседателката на здружението „Бибевски“, Јулијана Силјановска, потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел воспоставување на соработка на полето на заштитата и благосостојбата на животните, особено во постапките на заловување, интервенции и третман на бездомни кучиња на подрачјето на општината.

Според досегашните најави и напорите на локалната самоуправа, Фондациајта „Бибевски“ најпрвин ќе донира 600.000 денари за оградување на просторот во дворот на средното земјоделско училите во Битола кадешто веќе се изведуваат градежни активности за прифатилиште за бездомни кучиња. Со Меморандумот, општината се обврзува да алоцира средства во годишниот буџет за хуман третман на животните во прифатилиштето и за нивна стерилизација. Според денешната објава на официјалната страна на градот, се обврзува и  да обезбедува поддршка за Фондацијата Бибевски во идните напори за изведување на големи стерилизации за бездомни животни во регионот.

Неодамна, Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола на својата официјална фејсбук страна информираше за завршени административни-проектни активности за прилагодување на просторот во стационар за бездомни животни, а на последната седница на Советот беа одобрени и средства за целосно прилагодување на просторот. А, за изградба на стандардизиран објект и функционален стационар и прифатилиште, Илиевска објави дека биле обезбедени 40 милиони ( денари, слободно толкување на авторот).

Битола во последните години има нагол пораст на кучиња бездомници, а во пораст е и бројот на граѓани кои од Општината бараат надомест на штета од каснување на куче скитник.

Leave a Reply

Your email address will not be published.