April 20, 2024

МАКЕДОНСКИОТ ВОИН – ГОГО СЛАВЕСКИ

Горјан ГОГО Славески е храбро момче кое потекнува од населбата Ѓорче Петров. Свесен дека нашата држава не може да му ги понуди потребните услови за добар развој, на само 19 години ја напушта татковината и се сели во Америка.

Тој во Америка кариерата ја гради со професионален бокс. Бележи големи успеси и во моментов е носител на европската титула од УБФ (Универзална Боксерска федерација). Во моментов Славевски е пред нов предизвик. Настапува во борби без ракавици. Бележи три победи од исто толку борби.

Славески живее во Мајами. Илјадници километри е оддалечен од дома, од своите пријатели и семејство. Сепак, потенцира дека во Америка не се чувствува како странец и дека поддршката од пријателите и фамилијата многу му значи.

  • Се решив да заминам од Македонија на 19 години поради тоа што сакав да успеам со боксот. Видов кои се можностите во нашата земја. Првата борба ја имав во Алјаска, таа ми е една од најзначајните. Иако за некој тоа е само една обична борба, без техника и квалитет, како “имигрант“ мене таа борба ми беше од големо значење. Мојата цел во борбите без ракавици е светската титула. Кога ќе ја остварам таа цел, се враќам на професионалниот бокс. Бев дел од репрезентацијата на Македонија, имав еден неуспешен настап лани и сфатив дека иако си сам во рингот, потребно е да имаш тим, организација, структура на тренинзи и настани за било каков успех да се постигне на Светско ниво. Македонија тоа за жал го нема. Сакав да одам на Олимпијада и да ја претставувам Македонија, но нашите услови се такви и не може без соодветни спаринзи и финансиски придонес да се споредуваме со држави моќници кои цврсто стојат зад своите спортисти. Многу ми значи поминатото време со најблиските. Мојата фамилија и пријатели се мојата главна мотивација. Ја сакам државата Македонија и горд сум на тоа што сум Македонец, без оглед на нашата неуспешна политика. Ние сме народ поделен на луѓе со воинствени гени и синдром на предавник. Јас сум дефинитивно од првите, – го заврши интервјуто Славески.

Иако не живее во Македонија, Славески е горд Македонец!


Превземено од порталот https://intvaustralia.com


1016