October 2, 2022

Еврото го допре дното

На 22 септември 2022 година, заедничката европска валута го допре дното и достигна историски низок рекорд во однос на доларот во изминативе две децении. Едно евро денес вреди 0.981 долар. Ломови има и кај други валути, освен кај доларот и рубљата. Ви текнува?

Заедничката европска валута го допре дното непосредно по објавувањето делумна мобилизација во Русија а е резултат на растечката инфлација, војната во Украина и цените на енергенсите.

Денешната вредност на еврото е пониска и од неговата досега најниска вердност од октомври 2002 година/  

Европската централна банка (ЕЦБ) неодамна најави приоретизирање на борбата против инфлацијата но засега не успева да ја скроти.

Таа, како и многу други централни банки во развиените западни економии, ги одржуваше каматните стапки на нула или блиску до неа речиси без прекин од финансискиот крах во 2008 година. Целта беше да се промовира економски раст и умерена инфлација од околу 2%. Со години, овие историски ниски стапки едвај го одржуваа растот позитивен и не ја поттикнаа инфлацијата. Но, прекините на глобалното снабдување заради пандемијата, проследено со војната во Украина и ефектот врз цените на основните производи, сега се комбинираат и пумпаат инфлација околу 10%, што ги тера банките да ги зголемуваат стапките за да се обидат да ја зауздаат.

Британскиот стерлинг е најнизок во последните 37 години ($1.1233), нови дна имаат шведската круна, тајландскиот бахт, малезискиот рингит и сингапурскиот долар. 

Кинескиот јен е долу за 20% во однос на доларот и е блиску најниската вредност во последните 24 години. Паднати се и австралиските и новозеландските долари a јужнокорејскиот вон не бил понизок од 2009 година.

Вонредни состаноци имаат закажано централните банки на Јапонија, Тајван, Британија, Филипини, Норвешка и Индонезија, пренесува Дојче Веле.

Leave a Reply

Your email address will not be published.