Меѓународен турнир во забрзан шах во Битола

На 25.09.2022 во ресторанот „Вавилон“ се одржа турнир во забрзан шах „Вавилон open“ во организација на Шаховскиот клуб „ШАХ-ШЕХ“. Турнирот е со меѓународен карактер, а учествуваа 135 шахисти од 4 држави и тоа Македонија, Грција, Бугарија и Косово.
Со 7.5/9 освоени поени завршија четворица, но редослед беше одреден според Бухолц системот :
1-во место: ИМ Филип Панчевски
2-ро место: ВМ Звонко Станојоски
3-то место: Андреј Вељаноски
4-то место: ФМ Дејан Динев
Настанот има подршка од Општина Битола, а како нивни представник настанот го поздрави заменик градоначалникот Бојан Бојкоски. Ваков настан е за поздравување, а од клубот „ШАХ -ШЕХ“ со сигурност тврдат дека турнирет ќе прерасне во трдиционален.




