Ламбе доби условна казна од шест месеци откако го запали влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

Пејачот Ламбе Алабаковски кој беше обвинет за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден на условна казна затвор од шест месеци, потврди неговиот адвокат, Дарко Стефановски. Казната, како што наведува Стефановски, нема да се реализира доколку во следните 2 години, Алабаковски не стори ново кривично дело.
На Алабаковски кој призна вина за делото, му се вратени две патни исправи и укинати се мерките за обезбедување. Алабаковски по инцидентот беше во притвор, потоа беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.
