‘Ајде за зборуваме за ракот на дојка’
Битолчанки деновиве интензивно зборуваат за женските проблеми и посебно за фактот дека не посветуваат многу внимание на сопственото здравје, собено не здравјето на женските репродуктивни органи. А на ова ги натера една хуманитарна акција од две девојки – Тамара Илиевска и Викторија Брдаровска.
На 1 октомври , на Магнолија во Битола организираа хуманитарен настан, го насловија „Сите заедно во борба против канцерот“. Информираа дека мотивацијата и поттикот го пронајдоа во сопствените искуства како деца на мајки кои се соочиле со ваа хронична болест. Информираа и дека во изминатиот период од околу 3 месеци, презеле чекори за решавање на еден од проблемите со кои се соочуваат пациентите заболени од било која форма на раковите болести по третманот со хемотерапија – губењето на косата.

„Во 2015 година мојата мајка беше болна од рак на дојка и додека беше во процесот на лечење, додека примаше хемотерапија и отпадна косата, а во тој момент за мене и сестра ми како деца, посебно како девојчиња тоа беше нешто најстрашно. Па затоа си имав ветено дека после матура и јас мојата коса ќе ја донирам за некое дете кое се бори со оваа болест. И така како наближуваше времето јас сé повеќе размислував и дојдов на идеја да не биде само моја донација да направам нешто поголемо и да помогнам на повеќе деца и млади.“-даде изјава за медиумите Тамара Илиевска.

Овој настан нека биде двигател за младинскиот активизам да се разбуди и се повеќе да се организираат вакви настани, изјави Викторија Брдаровска. „Јас и Тамара, почнавме да правиме активности што тешко дека некојна наша возраст би ги направил. Три месеци собираме донации од коса , а донациите пристигнуваат од Битола но и од цела Македонија, па дури имаме и од Турција, Италија и друг држави. Здравје Боже, сакаме настанов да биде традиционален .“
Двете девојки, помогнати од неколку здруженија, лекари , психолози и Општина Битола го ставија градот на мапата на градови кои ја подигаат свесноста за проблемите предизвикани од ракот на дојка што како светско движење започна од американската Национална Асоцијација за броба против ракот на дојка.

„Кога хуманоста доаѓа на иницијатива на младите, тоа говори дека помеѓу нас има нови генерации кои со себе носат позитивни вредности и претставуваат наш поттик за да застанеме пред брзиот и динамичен живот и да го направиме вистинскиот чекор, во вистинското време. Оваа порака, мора да ја сфатиме сериозно, за да делуваме навремено, превентивно, но и одговорно и посветено, пред бројните животни проблеми и предизвици.- изјави пред присутните градоначалникот на Битола Д-р Тони Коњановски.
Пеланет го прифаќа предизвикот.