ССМ: Од 30% до 50% од вработените би ги изгубиле работните места доколку нема конкретни владини мерки за кризата

Од пакетот антикризни мерки ниту пакет ниту мерки. Стопанската комора го вклучи алармот воведе кризна состојба во работата во следните шест месеци. Нема сектор кој што не е погоден велат од Кризниот штаб при Комората.
Ако Владата не излезе со конкретни мерки, не само што постои опасност од колапс на стопанството туку веќе од јануарии 30 до 50 проценти од вработените во стопанството ќе останат без работа.
Да се субвенционира цената на електричната енергија за индустријата по примерот на соседните земји, да се обезбеди правна рамка за фирмите да излезат од постојните договори за снабдување со електрична енергија за компаниите да можат да склучат договори со ЕСМ снабдување, да се максимизира домашното производство на електрична енергија и вишоците да се понудат на индустријата по производна цена и да се намали ДДВ-то за електрична енергија од 18 на пет отсто, ова се само дел од барањата на стопанството.
Сојузот на синдикати на Македонија со проширена листа на барања, платите во државата да го следат порастот на инфлацијата, но и порастот на синдикалната кошница, платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани, бесплатен јавен превоз.
Првиот човек на МАНУ, Таки Фити побара таргетирани мерки за помош на ранливата категорија на граѓани, а не линеарно за сите во кој би влегле и тие кои профитираат. Поранешниот министер за финансии, Никола Попоски посочи дека треба да се води повеќе сметка за ценовната стабилност.
Претседателот на Стопанска Комора, Бранко Азески прашува дали Македонија а со тоа и Владата ќе биде единствената држава која нема да го помогне стопанството? Од Влада, по вчерашниот владин економски совет со соопштение дека се работи на креирање на мерките.
Следната среда се очекува нова седница на економскиот совет. Останува отворено прашањето дали владата до тогаш ќе спакува пакет антикризни мерки за помош на стопанството и граѓаните.
