Вкусот на Буково
Денеска во Буково на пладне ќе започне 4то издание на манифестацијата „Вкусот на Буково“. Организирана од Президиум Буково и Slow Food Битола манифестацијата ги промовира македонските традиционални вредности и, едуцира за начинот на подготовка на „Буковска пипер“.
Програмски се работи за саемска манифестација на која се претставени производители на пиперки и буковската пипер. Истовремено предвидена е и работилница на која се изучува како се изработува пипер.