March 29, 2024

Приведени три лица во Битола и Прилеп

На 18.10.2022 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода В.И.(47) и Г.Т.(46), двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога. На 18.10.2022 во 01.10 часот од ул.„Војводинска“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Р.С.(20) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.


1156