Донирајте за изградба на Православна Црква – Исусова Црква во село Леска(Пустец)

Иницијативниот одбор за изградба на Православна Црква – Исусова Црква во С.Леска-Пустец во Албанија ја пренесува убавата вест дека е добиена дозвола за изградба на Црквата.
Како што наведуваат од Одборот, идејата е покрај верските и религиозни обреди, под покровителство на Црквата да работи и мултикултурен едукативен центар каде што би се одвивал духовниот, просветниот, спортскиот и уметничкиот живот на сите жители во регионот, а се предвидува и Свечена сала за одржување на концерти, театарски претстави, и прослави од секаков вид.
Меѓутоа за се ова да се реализираа се потребни големи финансиски сретства, поради што организацискиот одбор ги поканува сите Македонци од целиот свет да бидат донатори и да станат дел од овој значаен проект за сите нас, со што еден ден сите ќе се гордееме.
Линк за донации:
