Синоќа на сцената на битолскиот театар се одржа премиерата на најновата претстава во режија на Софија Ристевска Петрушевска „Пратеникот“ работена според текст на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ. ПРАТЕНИКОТ е претстава за љубовта во време на либерален капитализам. Претстава за борбата на емоционалната човечка природа, со притисоците на општествениот систем што дехуманизира. Претстава за злото. Претстава за исконската потреба на човекот да доминира, да победува и да покорува. Претстава за тагата и за бесмислата, а во исто време претстава за надежта. “Пратеникот” е емоционално и рационално патување, низ нашите стремежи да бидеме среќни.- вели режисерката. Претставата е во продукција на независниот „Интимен театар“.


1103

Задолжително

Verified by MonsterInsights