Валентин Груевски : Да не беше смешно ќе беше жално
По прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на својата Фејсбук страница Валентин Груевски ја објави следната реакција:
„Денес на прес-конференција еден од пратениците на Вмро-Дпмне, објави податок дека не сум го доставил мојот имотен лист и дека можеби ја кријам мојата куќа во Битола и Ресен .
Неколку факти:
- Куќата во Битола е од 1985 година, наследство од мојот татко и во неа живеам со сопругата над 20 години.
- ,, Куќата” во Ресен, с. Курбиново, е со големина од цели 22 м2 и истата е 1/4 од стара куќа, градена пред 50-тина години.
- Наводно сум го скрил и Голфот, пријателите мои го знаат, производство 2009 година.( не знам зошто би го криел)
- Анкетниот лист е навремено доставен, за што во прилог ги поставувам и препорачаните пратки до ДКСК.
Да не беше смешно, ќе беше жално, или пак обратно.
За да се поправат работите, можеби е најдобро најпрво да добијам извинување,“