December 5, 2022

Ограничување и дефинирање на идеализмот односно идеалите

Во слободниот и бескрајниот свет на философијата секогаш има простор за мудрост и лудост. Има простор и за најмудриот, но има простор и за најдалечниот од него. Општеството всушност е конструирано на основните столбови на философијата. А тоа се идеализмот и материјализмот. Така функционира уште од првобитните форми на заедници. Мислам дека тие првобитни форми на општествени заедници се многу слични со денешното општество. Комплетното отсуство на идеалот не означува ништо друго од целосното материјализирање на постоењето на индивидуата. Денешното општество е многу лицемерно кога ќе каже дека секоја политичка партија брани своја идеологија и дека гласачките тела секогаш се борат за остварување на некоја идеја. Да. Тоа можеби декларативно е така, но мислам дека идеализмот кој го промовираат почитичките партии е идализам чија крајна цел е остварување на материјални средства. Факт е дека во капиталистичко општество материјалното има главна улога. Тоа патем го кажува и самата дефиниција за политички субјект. Но комплетното материјализирање дури и на апстрактните нешта доведува до губење на есенцијата односно руинирање на едниот столб на кој се потпира човештвото. Дури и во комплетна посветеност кон материјалните нешта во модерното општество човештвото не може да изнајде систем во кој се би функционирало совршено. Дали некогаш сте се запрашале што доколку би посветиле толкаво внимание на идеалите? Платон бил прв помеѓу философите кои го дефинирале идеализмот. Некои екстремни верзии на идеализмот негираат дека постои свет надвор од нашиот ум. Платон мислел дека нашето разбирање на реалноста првенствено ја одразува работата на нашиот ум односно дека својствата на предметите имаат независнот од умовите што ги гледаат.

Во некоку наврати сум пишувал колумни чија основа не е политиката со која секојдневно се занимавам. Тоа биле колумни во кои сум сакал да го потенцирам оној философски момент кој цел живот ме ”мачи”. Некогаш пробувам и да не размислувам на одредени прашања бидејќи човек може да се изгуби во таа бескрајност на слободната философска мисла.

Често сакаме да го направиме едноставното уште поедноставно. Модерниот човек функционира на принципот “ купи-ден помини.” Но тој принцип почнува да се менува во “ купи-живот помини”, не сфаќајки дека таквото живеење не носи ништо ниту за индивидуата, ниту за семесјтвото, општеството или човештвото ако сакате.

Иако пробувам некој практики да ги променам во правец на рационално размислување, суровата реалност ме потсетува дека со тоа не можам да променам многу. Суровата реалност и мизерија е отидена до таму што се наоѓа насекаде околу нас. Во јавноста, во секојдневната комуникација, на социјалните мрежи и на сите други места кои ни ги створи 21 век. Цело време зборуваме за модернизација и за отфрлање на се што не е прогресивно без да помислиме дека многу сакама да промениме и комплетно да го видоизмениме од тоа како изгледало со милениуми.

За идеали сигурно не загинале “ будали “. Поентата на мојата денешна колумна и мини па можам да речам и микро освртот на идеализмот е да го поставам прашањето: “ Кој и зошто пробува да дефинира и ограничи идеализам. ”

Конкретно, во Македонија, не само што се гледаме низ нишан, туку и пробуваме оној од спротивната страна да го ограничиме во идеолошка “кутија.” Да го ставиме на некој дел од спектарот и да му кажеме “ Ти си ова”. Да секој може да биде нешто во нечие гледање, но тоа никогаш нема да биде така. Бидејќи никој идеја нема крај. Можеби нема и почеток, бидејќи таа постоела и пред некој да ја промовира или да стане карактеристична за одредена група на луѓе. И по остварување на одреден идеал тој не може да опстане во совршена форма. Не само заради тоа што човекот не може да го достигне совршенството. Туку заради тоа што една идеја не е одржлива во крајна форма цела вечност.

Да не правам крајна перипетија од тоа што го пишувам. Моето мислење можеби ќе биде ирелевантно и ќе биде составен дел од нечија “ ограничувачка кутија “ но тоа на крајот од денот не е важно. За мене е важно дека идејата може да го промени светот.

Ограничување на слободната мисла и на идеалот може да предизвика само општествени конфликти. Разликата помеѓу една и друга идеја е огромна. Тоа не може да се измери ниту пак да се изедначи. Може да дебатираме за конкретната крајна цел на некој идеал. Дали таа е добра, дали таа е лоша.

Доколку некоја идеологија го загрозува човештвото, секако дека секој кој се бори за слобода и мир ќе се спротивстави на таа идеологија. Токму нашите предци се соочиле со таква закана за човештвото. Нацизмот како идеологија се состоел од повеќе елементи како: антипарламентаризам, етнички национализам, расизам, колективизам, антисемитизам, социјална демагогија, опозиција на економскиот и политичкиот либерализам, расистички поглед на завера на финансискиот капитализам и антикомунизам.

Како што реков не може да се ограничи слободната мисла. Но секако може да се спречи имплементацијата на опасните и агресивните по животот на човекот елементи на таа одредена идеологија.

Многу страшно е што земји дури и во 21 век, по лекциите научени од 20 век пробуваат да остварат цели кој се косат со сите основни приницпи и слободи на човекот. Или сепак можеби тие лекции воопшто не ги научиле.

Најистакнати во однос на тој дел се две земји. Една во конфронтација со нас како Македонци, а друга во директна конфронтација со цела Европа и пошироко. Бугарија денес, во 21 век, го користи истиот метод што врз неа го применуваше Русија. Комплексот што го имаат Бугарите спрема Русија во однос на нивната државност, сега на некој начин сакаат да ни го наметнат нас. Сонот за голема Бугарија не може да го дефинира ниту една идеологија, бидејќи мислам дека и самите Бугари не знаат што сакаат и како до тоа. Комплексот кој го имаат кон нас како Македонци може само да им наштети. Гордеењето со Цар Борис ||| и Ванчо Михајлов е многу страшно. Тоа покажува дека Бугарија е горда на идеологијата која беше директна закана за светот.

Русија како држава од симбол за антифашистичката борба стигна до ниво на нова комплетна изолација и влошување на односите со цела Европа и со САД. Војната во Украјина ја покажува само слабоста на човечката мисла кога во неа нема ниту грам рационалност. Ниту една причина не е доволна за убивање на невини луѓе. Ниту една причина не е поголема од вредноста не еден човек. Make love, not war.

Мојата идеологија е многу едноставна. Не ја наметнувам никому. Дури пробувам да ја сепарирам од онаа политичката. Пробувам да имам идеологија во однос на моето лично живеење односно постоење и идеологија со која би го именувал моето политичко-општествено делување.

Што се однесува до мојата еве и нека биде животна философија ако сакате. Таа има неколку состојки: Љубов, емпатија, среќа, ведрина, искреност, несебичност, морал итн.

“ Највисоката цел на човечките аспирации е високо моралниот карактер.”

Ставовите искажани во рубриката Колумнa се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *