May 19, 2024

Бојан Бојковски: Да живее градот Битола !

Почитувани граѓани на Општина Битола,
Денес се навршуваат 78 години од датумот кој со светли букви е запишан во историјата на Битола.
На овој ден локалното население се ослободи од фашистичките окупаторски сили.
Во оваа пригода го честитам Денот на ослободувањето и искажувам огромна благодарност кон сите револуционери што ги дадоја своите животи за да обезбедат слобода и создавање сопствена држава – Република Македонија.
На 2 километри од нас е Хераклеа Линкестис, доказ дека Битола е еден од најстарите градови во Македонија. Историјата и културното наследство што ги гледаме и доживуваме со една прошетка по Широк Сокак се аманетот што сега ние како локална самоуправа го оправдуваме.
Во последната година ги исправаме недоследностите од нашите претходници, за да ја вратиме големината на градот кој денеска како и пред 78 години ја слави напредната мисла, слободарскиот дух и истрајноста.
Да живее градот Битола!

Бојан Бојковски, заменик градоначалник на Битола


1024