Битола домаќин на стручен состанок на гинеколози и медицински сестри-акушерки

Предраковите помени на грлото на матката и медикаментозиот абортус се темите на кои се зборува на стручниот состанок на гинеколози и медицински сестри-акушерки што се одржува во Битола. Организатор е гинеколошко-акушерското одделение од Клиничка болниcа – Битола во соработка со Македонското лекарско друштво и Здружението за цервикална патологија и колоскопија.
Прим. Д-р Елизабета Чипуровска, од битолското гинеколоко-акушерско одделение вели „Нашата цел во работењето е рано откривање, детекција односно превенција, заштита на пациентите од премалигни и малигни заболувања на жената без разлзика дали се работи за грлото на матката или телото на матката или за одделните други органи. А работиме со многу пациенти од Битола , околината и градовите од југозападниот регион. Активно работиме и максимално се трудиме да обезбедиме секундарна здравствена заштита. На одделението работат 9 гинеколози, специјалисти гинеколози-акушери, имаме еден доктор на наука и еден примариус. Дваја лекари сега специјализираат. Постојат и матични лекари кои ги обавуваат превентивните прегледи, но и ние стоиме на располагање за да им обезбедиме на битолската и македонската жена се што е потебно за зачувување на нејзиното здравје“.
Одделението годинава се вклучи и во одбележуање на мегународниот ден за пременопаузални и менопаузални промени кај жената.
„Во тој контекст организиравме бесплатни прегледи на гинеколошко-акушерското одделение кадешто пациентките доаѓаа и добиваа гинеколошки и ултразвучен преглед и совети за сите теми и дилеми кои се во склоп на нивнто здравје. Жените кои се во пременопауза и менопауза беа заинтересирани, затоа што превентивата е најдобра заштита од болестите“- изјави примариус Чипуровска.


Колпоскопијата е медицинска процедура во која матката и сите нејзини делови се набљудуваат под големо зголемување со помош на специјално дизајниран мобилен микроскоп наречен колпоскоп.
„Колпоскопија не се прави на секоја жена, туку само кај тие кај кои во скринингот, значи во земањето на брисот и правењето на ХПВ ќе се открие некој високоризичен ХПВ вирус или ќе се најде некоја абнормалност на цитологија.“ рече Д-р Димитров, додавајќи „Тие жени се упатуваат на колпоскопија. Затоа како тријажна метода колпоскопијата е многу важна за секој гинеколог. “
Медикаментозниот абортус пак успешно се применува уште од 1990 година во голем број на земји, како алтернативна метода на хируршкиот абортус. Неговата ефикасност е од 95 % до 97 % и само во мал број на случаи има потреба од дополнителна медицинска интервенција. И Светската здравствена организација го препорачува медикаментозниот абортус како безбеден. Компликации се можни, но праксата покажува дека се мали и дека лесно се решаваат. А неопходно е стручните лица да зборуваат за тоа затоа што се повеќе жени, посебно млади жени се одлучуваат за тоа, дури и на своја рака без претходна консултација со гинеколозите.
Иако во државата има доволен број на гинеколози и заинтересирани за оваа специјализација, медицинската гранка е тесно врзана со специјалисти по анестезиологија и патологија, кои ги нема во голем број, ниту како специјалисти ниту специјализанти.
Според статистиката, процентуалата застапеност на заболени од ракови заболувања поврзани со матката во Македонија се 16-20 случаи на 100.000 население, што е во рамките на инциденцата во балканските земји. Оваа бројка се должи и на касното откривање на болестите поради голем број жени кои заради нивото на здравстена култура или различни обичаи и лоши навики не одат на редовни гинеколошки прегледи.


1127

Задолжително

Verified by MonsterInsights