М О В Е М Б Е Р
Пеланет.мк се вклучува во светското движење посветено на машкото здравје. Ако е задоцнето, не е заборавено, а трае цел месец. Затоа нашата Насловна има мустаќи.
Movember е основан во 2003 година од неколку пријатели на пиво во паб непосредно надвор од Мелбурн, Австралија. За време на Movember, мажите растат мустаќи во текот на месецот, барајќи пријателите, семејството и колегите да донираат за нивниот напор.
Зошто се вика Мовембер?
Мовембер е кованица од австралиско-англискиот деминутивен збор за мустаќи, „мо“ и „ноември“ и е годишен настан кој вклучува растење на мустаќи во текот на месец ноември за да се подигне свеста за машките здравствени проблеми, како што е ракот на простата. рак на тестисите и самоубиство кај мажите.
Од 2003 година досега Movember финансираше повеќе од 1.250 проекти за машко здравје ширум светот, раздвижувајќи го истражувањето за машкото здравје и трансформирајќи го начинот на кој здравствените услуги допираат и ги поддржуваат мажите.

20 години подоцна, Мовембер стана де –факто No-Shave November. И, сега учествуваат и мажи и жени, а каузата е иста. Месецот без бричење е едномесечен напор во кој учесницитe се откажуваат од дотерувањето за да ја подигнат свеста за ракот генерално. Средствата кои оделе месечно на одржување на влакнестите делови од телото (и кај мажите и кај жените) сега се донираат во фондации кои се справуваат со овие болести.