Потсетуваме – од 15 ноември започнува обврската за зимска опрема во возилата
Winter tire. Car tire on snow road. Tires on snowy road detail.
За мир на умот, Ве потсетуваме дека од 15 ноември почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата.
Од АМСМ https://amsm.mk/obvrska-za-zimski-gumi/ информираат дека под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или ако имате возило со погон на четири тркала ( 4 х 4) шест милиметри (6mm)
- синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. - Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Фото насловна: https://www.tirereview.com/