April 19, 2024

Американските демократи ја зацврстуваат власта на Бајден?Медиумските прогнози тоа го потврдуваат

CNN прогнозира дека Демократите ќе ја задржат контролата во сенатот и по изборите во Џорџија кои треба да се одржат на 6 декември. Ваквото предвидување мултинационалната кабелска телевизија за вести го прави по победата на кандидатот на демократската партија во Невада. Сенаторката Кетрин Кортез Масто го победила републиканскиот кандидат Едисон Рисрч поддржан од Доналд Трамп. Сегашниот распоред на мандати е 50-50, но од CNN чие седиште е во Атланта, Џорџија се шири верувањето дека „нивната“ држава ќе гласа за демократите.
Победата на Демократите е од исклучителна важност за актуелниот американски претседател Џо Бајден. Републиканците се поинтензивно бараат истраги за деловните активности на Бајден и неговиот син во Украина. Мнозинство во сенатот за претседателот Бајден подразбира можност за назначување на „свои“ судии кои би „помогнале“ во спроведувањето на неколку закочени законски решенија, меѓу кои и законите кои ја определуваат американската даночна политика. Имено, републиканците предводени од Трамп во 2017 година изгласаа линеарни даночни намалувања, кои Бајден сака да ги укине. За CNN ова е показател дека Трамп повеќе не е никаков фактор во американската политика и, дека е најдобро да не планира повторно да се кандидира за претседател.


За The Economist досегашниот исход од среднорочните избори е изненадување заради традиционалното „гласање против власта“ по две години од мандатот на било кој претседател . Економист анализира „и покрај високата инфлација и нискиот рејтинг на Џо Бајден републиканците не го превртија Сенатот“. Економист верува дека демократите добиле симпатии кај гласачите по изненадувачката одлука на Врховниот суд да стави кај на уставното право на Америка на абортус.

Среднорочните (mid term, меѓуизбори) во САД се генерални ( парламентарни) избори кои се одржуваат на средината од четиригодишниот мандат на претседателот. Традиционално ( од Џорџ Вашингтон наваму) се одржуваат во ноември, во вторник од првата недела на месецот. Амеркиканците гласаат за 435 места во Претставничкиот дом и 34 од 100те места во Сенатот. 34 од 50американски држави ги избираат своите гувернери со 4 годишен мандат, а остатокот избираат гувернери со 2 годишен мандат. Овие генерални (општи) избори вклучуваат и избори на општинско ниво. Се гласа за Градоначалници и Совети. Вклучуваат и избори за судии на општинско ниво. И, традиционално, одзивот на Американците е помал од оној за претседателските избори.

Извор фото: Stanford News-Stanford University


1024