June 6, 2023

Трансформаторот за РЕК Битола тргна од фабриката во Турција

По острата реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека трансформаторот за третиот блок на РЕК Битола не е пристигнат на назначениот датум 15.11.2022, денеска со информација се огласија од ЕСМ. Упатуваат на административните процедури во Турција и на фактот што тежината на товарот ја диктира брзината на камионскиот транспорт.

„Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција, вчера изутрина тргна со специјален камионски транспорт кон Битола.“ – се вели во информацијата испратена до медиумите, јавноста.


„400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесува со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола. “

„Композицијата долга 60 метри побарува специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина. Транспортот тргна со задоцнување од една седмица од предвидениот рок, поради
подолгото време кое беше потребно да се осигураат сите услови и соодветни дозволи за движење во РГрција, кои произлегуваат токму од специфичноста на овој транспорт. “

„виновиците“ за одложениот транспорт


“Трансформаторот се очекува да пристигне во РЕК Битола на 22 ноември, по што ќе бидат потребни 10-тина дена за да се изврши монтажа на истиот“ – информираат од ЕСМ.


1003