„ДЕНОВИ НА COBISS“ во Скопје и Битола

Меѓународна конференција за COBISS системот „Денови на COBISS“ се одржува овие два дена на две локации, во Скопје и Битола. Во Битола допатуваа претставници на националните библиотеки од Бих, Словенија и НУБ Св. Климент Охридски од Скопје, а присуствуваа и декани од факултетите на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, претставници на ИЗУМ – инситутот за информациски науки од Марибор, Словенија. Собирот го отвори директорот на битолската библиотека М-р Бојан Стефановски.


„Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски со 77 години постоење придонела во развојот на библиотекарството во Македонија “– рече директорот, кој посочи и дека во установата постојат 8 посебно обучени и лиценцирани библиотекари за КОБИС системот, автоматизацијата и дигитализациајта на библиотечниот материјал се во континуиран подем, а обуките за работа, набавката на стара со нова опрема и софтвер се континуитет.


Конференцијата на библиотечни работници годинава има за цел да им даде аргументи на факултетските библиотеки, односно Универзитетите дека мора да се вклучат во системот. За Давор Рачан од ИЗУМ средбата е можност да ги пренесат своите искуства , знаење кое на библиотеките од Македонија ќе им бидат од корист во процесот на вклучување во системот. За директорот на Национална Библиотека на БиХ , воедно и претседател на регионалната COBISS NET системот овозможува претставување на локалната научна мисла, како рече, што е одлично.

„ Сараевската библиотека е придружна членка на сараевскиот универзитет и сите факултетски библиотеки, освен една или две се приклучени на системот. Претставувањето на научните трудови кои ги има во библиотеките овозможува и повисок степен на ранг листите кои пак овозможуваат подобра видливост на Универзитетот“ – рече Исмет Овчина, директор на сараевската библиотека.

„COBBIS програмата ја има во цел регион , во цела Европа освен Хрватска затоа што тие имаа свој софтвер пред да дојде кобис ситемот. Албанија, Бугарија… сите земји ги користат книгите кои се во базата на податоци (книги). Каталогот е поврзан со најголемата библиотека во Вашингтон, ДЦ, САД. Значи кога ние работиме еден запис или една книга преземаме запис од Вашингтонската библиотека доколку ја немаме во записот во системот на Регионот. Секоја држава има внесено сите книги , сите научни списанија, публикации во таа база, што значи дека вие преку нашиот каталог можете сите тие информации да ги најдете.“- објасна Јелена Петровска, советник библиотекар и организатор на овој настан која беше една од бројните излагачи кои беа предвидени за конференцијата.
„Привилегијата од COBBISS е не само што се нуди се она што вие го барате како наслов и податок, физички да дојдете да го побарате , меѓубиблиотечно позајмување да можете оттука да позајмете книга од Куманово. Да видите дали во Белград или Љубљана , ако на пример работите магистерска или докторска теза, ја има и во секој случај да можете да си ја земете. Се тоа е вмрежено. Тоа е вистинската полза.“ – додаде Петровска.


Националната и Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски во Битола е оснивач и на македонската Виртуелна библиотека, а COBISS искуствата ги стекнува од 2000 година, како една од првите библиотеки во Регионот што почна да го користи. „Кобисот го презеде Словенија од Југославија, го разви системот, 115 вработени работат на транслитерација и на писмото, што значи ние на кирилица работиме во КОБИС не на латиница, ама тоа требаше некој да го сработи, библиотекари, инженери … требаше тоа многу брзо да се одвива и да не заостануваме во развојот. “ – објасна Јелена Петровска.
Денеска во Битола беше претставена и најновата опрема и софтвер за пребарување на податоци за сите публикации во Европа и светот.


1066

Задолжително

Verified by MonsterInsights