December 7, 2023

Локалниот Економско Социјален Совет ќе учествува во изработката на стратегијата за локален економски развој на општината, а изготвува и акционен план за работа

Локалниот економско социјален совет ( ЛЕСС ) на општина Битола, ја одржа втората седница, на која беше усвоен Деловник за работа, а беа разгледани и прашања поврзани со понатамошното делување на овој Совет.
Од Општина Битола информираат дека Гордана Балтовска, како претседавач на Локалниот економско социјален совет ќе раководи и со новоформираната комисија за изработка на стратегијата за Локален економски развој, а од страна на сите присутни членови беше побарано нивно вклучување со предлог проекти и во изготвувањето на акциониот план на ЛЕСС.


На седницата, беа дадени повеќе предлози кои се однесуваат на подобрување на економската и социјалната сфера во општината, а заменик претседавачот Борче Димитровски пак ја отвори можноста за активно вклучување на членовите на ЛЕСС и во изработката на другите стратешки документи кои се во фаза на подготовка. На овој начин, локалниот економско социјален совет, покажува отвореност за соработка и реализација на проекти во координирани активности помеѓу бизнис заедницата, синдикатите, општината, другите институции, невладиниот сектор и образованието. За две недели сите учесници ќе предложат начелни проекти базирани на потребите, со временска рамка и локални институции кои би биле вклучени во реализација.


Деловникот, акциониот план и стратегијата којишто треба да ги има овој посебен совет во Општината се важни за одредување на насоката на дејствување. Формиран во 2012 година, своето делување го базираше на стратегијата 2013-2018та. Но, од 2018 година немало изработена стратегија ниту акционен план. А документите се важни за можноста ЛЕСС да учестува во различни програми и конкурси на многубројни македонски и европски/светски фондации и организации.


1011