February 1, 2023

Затекнати малолетници во угостителски објекти

На 25/26.11.2022 година, во времето од 23.00 часот до 03.00 часот,од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција и од униформираната полиција при СВР Битола, по претходно изготвен план, спроведена e акциска контрола во шест угостителски објекти во Битола. При контролата, во четири угостителски објекти затекнати се седум
малолетници подоцна од 24 часот.

Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе бида поднесени соодветни поднесоци.