March 19, 2024

Предложени 458 проекти низ општините каде што градоначланиците се од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека постои огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, што покажува дека промените се случуваат.

Граѓаните ги креираат буџетите на општините според своите потреби и приоритети и со тоа директно учествуваат во создавање на подобар локален економски развој.

ВМРО-ДПМНЕ има отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните преку исполнување на ветените проекти.

Промените се видливи, граѓаните забележуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги отвора своите врати за сите граѓани кои сакаат да понудат реални и издржливи проекти.

Ова е прв пат граѓаните да бидат вклучени во креирање на своите општински буџети и самите да одлучат за кои и какви проекти ќе се трошат нивните пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека секој предлог и идеја ќе бидат разгледани и затоа ги охрабруваат граѓаните да ги посетат општинските згради и денеска во периодот од 11 до 14 часот.

Оние граѓани кои нема да можат да присуствуваат и да ги дадат своите предлози во текот на денешниот ден, тоа може да го направат и следниот викенд на 10 и 11 декември или пак на веб страната budzet.mk.

Стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ е парите на граѓаните да се трошат за инвестирање во нови проекти, повеќе паркови и зеленило, училишта, патна инфраструктура, канализациони и водоводни мрежи, подобрување на квалитетот на живот и создавање на убави и средени општини кои ќе бидат рамо до рамо со европскоте општини.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека преку посветеност, визија и работа може да се врати надежта кај граѓаните.

Предложи твоја идеја за промена и биди дел од промените кои носат иднина. Создади нова иднина, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


1010