December 6, 2023

‘‘Широк Сокак‘‘ и ‘‘Стара Битолска чаршија‘‘ се двете промотивни видеа реализирани од страна на Македонско-Турското здружение ‘‘Мустафа Кемал Ататурк‘‘ – Битола, а во рамките на проектот ‘‘Битола – вчера, денес, утре … ‘‘, финансиран од Општина Битола.

Во видеата, преку говор, снимен материјал и стари фотографии е опишана историјата на најамбиенталната улица на Балканот, Широк Сокак како и детали за чаршискиот живот во Старата Битолска чаршија, која активно функционира повеќе од пет века.

Во реализацијата на овој проект учествуваа: Цане Трајковски – камера, Драган Романски – монтажа и режија и Шенол Мемиш, автор на текствоите и наратор. Реализацијата на проектот е во организација на БтТоп Продукција, а медиумски покровител е ПелаНет портал.

Од здружението велат дека 2022 година била успешна за нив, затоа што реализирале повеќе проекти во различни сфери.

Македонско-Турското здружение ‘‘Мустафа Кемал Ататурк‘‘ – Битола е формирано на 24.01.2007 година во Битола. Основач и претседател е Шенол Мемиш.


1054