March 29, 2024

Отворен регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово и семејно насилство

Во Битола, денес беше отворен Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, кој ќе им овозможи услуги на сите оние кои имаат потреба од истите, а гравитираат во Пелагонискиот регион. Центарот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека на овој начин, општината прави голем чекор напред во решавање и превенирањето на еден сериозен проблем во заедницата, потврден, за жал низ конкретни бројки и показатели.

„Денес, ми претставува огромно задоволство фактот, дека сериозно продолжуваме Битола да ја претворaме вистински во општина со еднакви можности за сите и за жените и за мажите. Како резултат на нашата решеност општина Битола да биде вистинска поддршка за сите нејзини граѓани, а услугите кои ќе ги нуди да одговараат на нивните индивидуални потреби, навистина е многу важен е денешниот чин. Оттаму, неопходноста од отворање на еден ваков Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство и Битола е една од првите општини во Државата која со сопствени средства го овозможува неговото функционирање“, рече градоначалникот Коњановски, посакувајќи успешна работа на Центарот.

Тој нагласи и дека, за насилството не смее да има толеранција, а во таа насока, општината останува посветена, со конкретни чекори во унапредувањето на еднаквите можности меѓу жените и мажите и секојдневно градење што поголеми можности за реализација на женските права, додека борбата за еднаквост на мажите и жените, треба да продолжи секој ден и во секој сегмент од креирањето на јавните политики и донесувањето одлуки.

Извор: Општина Битола


1014