Претставници на Здружението на Иселениците од Македонија со седиште во Буџа, Измир во посета на Македонија

Претставници на КУМАГДЕР, Здружение на Иселениците од Македонија со седиште во Општина Буџа, Измир, Република Турција, деновиве се во посета на Македонија. Тие остварија повеќе средби со градоначаланици од неколку градови во кои живее турско население, а се сретнаа и со претставници на здруженијата на Турците во Македонија.

Претставници на КУМАГДЕР беа примени од страна на градоначалниците на Битола, Могила, Охрид и Радовиш, а остварија средба и со Македонско-турското здружение Мустафа Кемал Ататурк од Битола, на која е договорено збратимување на двете здруженија. Градоначалниците на македонската општина Могила и на турската општина Буџа, преку социјалните мрежи воспоставија и директен контакт кој би требало да резултира со збратимување. Фолклорната група од Могила е поканета на Фолклорен фестивал кој се одржува секоја пролет во Измир, Турција.


1153

Задолжително

Verified by MonsterInsights