Во Кино Манаки во Битола ќе се одржи „Недела на полски филм“

Културниот и информативен центар Битола во соработка со Кинотека на Македонија и со поддршка на Амбасадата на Полска во Македонија организираат филмски настан „Недела на полски филм”.

„Полската филмска школа позната во Европа и светот, по својот автентичен филмски потпис остави зад себе бројни антологиски филмски остварувања. Дел од тие филмски остварувања, битолската публика ќе има можност да ги проследи во периодот од 20 – 26 Декември, со почеток во 20.00 во Кино Манаки. Влезот е слободен“, информираат од Културниот и информативен центар Битола


1022