March 29, 2024

Аргентина го освои златото на Светското првенство во Катар, Меси проласен за најдобар на СП

Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во 2022 година.

Во неговиот последен натпревар на Светските првенства, вкупно 26-ти на Светското првенство, Меси постигна два гола против Франција, постигна и во пенал рулетот и со тоа и помогна на својата нација да го освои третото Светско првенство во историјата, а и првото.

Тој на овој турнир постигна седум гола, забележа три асистенции и беше главната поддршка на неговата селекција на патот до круната.

Сето тоа му донесе признание за најдобар играч на турнирот, а лесно може да се каже и најдобар на сите времиња.

Наградата за најдобар голман ја прими Емилијано Мартинез, а најдобар стрелец со осум гола е Килијан Мбапе. Наградата за најдобар млад играч на Светското првенство му припадна на Енцо Фернандез.


1014