February 1, 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола денеска и вчера реализираа едукативни работилници во основните училилишта “Елпида Караманди“ и “Гоце Делчев“ во Битола, а во рамки на превентивниот проект “Безбедност во училиштата“ .
Говорејќи за основната тема на овој проект – превенција од насилството меѓу учениците како и злоупотреба на дрога и алкохол – полициските службеници на учениците им презентираа искуства и практики како да се превенираат различните форми на насилство каде што учесници или жртви се децата, почнувајќи од врсничкото насилство, семејното насилство, насилството на социјални мрежи и на спортски натпревари. Посебно акцент беше ставен за појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови. Исто така, беше укажано на штетното дејство од злоупотреба на дрога и алкохол.
Покрај ова, вчера со учениците на овие основни училишта Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со Полициската станица од општа надлежност Битола во пресрет на новогодишните и Божикни празници, а на темата “Не користи пиротехнички средства“ исто така реализираа превентивни активности.
Притоа, преку видео презентација децата беа запознаени со штетноста од употребата на пиротехнички средства, за можностите со неовластена и незаконска употреба на истите да се предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. Исто така учениците беа запознаени и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства, а им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка и со поддршка од УНДП.