March 29, 2024

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

По повод, 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија:

„Почитувани,

Во мое лично име и во име на општина Битола, Ви го честитам Денот на наставата на турски јазик и Ви посакувам многу здравје, успех и заедничка соработка, низ која и во понатамошниот период, ќе го покажеме нашето заедништво, кон целта за создавање подобри можности за напредок на нашата општина.

Образованието е најмоќната алатка со која самите можеме да го направиме светот подобро место за живеење.

Битола, како град познат по својата мултиетничност, отсекогаш била простор каде се говореле многу јазици. Така и припадниците на турската националност, имаат можност за образование на својот мајчин јазик, а со тоа и можности за промоција на културните вредности и традицијата, кои и денес се насочени кон градење на нови пријателства и партнерства.

Посакувам и понатаму да продолжиме да ги негуваме особеностите и заеднички да го градиме напредокот на нашиот град“, стои во честитката на градоначалникот Тони Коњановски по повод Денот на наставата на турски јазик.


1019