Градовите незапирливо растат, популацијата којашто ги населува е се помногубројна, а работата на архитектите, урбанистите, проектантите е директно врзана со желбите на граѓаните, без разлика дали се работи за инвестиција од физичко или правно лице. Но кога се работи за урбано планирање, осмислување на содржини за јавен простор, е тогаш има ситуации во кои подземната инфраструктура (водовод, канализација) не може да го издржи надземниот живот (станбени објекти за 10 наместо едно семејство). Оттука и основното прашање дали архитектите, урбанистите, проектантите разбрани како струка, професија односно наука и сите желби на граѓаните се во судир ?


„Урбанизмоте е нешто што треба да се третира како јавен интерес пред се. Најважно е тој јавен интерес да се запази. Не секогаш е тоа 100процентна можност заради мал милион причини, а често има судир помеѓу : што е финансиски потребно за некој, што е реало потребно за еден град , цивилизација, општество и, кои се реалните можности за еден простор. Ние како архитекти, како урбанисти имаме пред се обврска да го застапуваме јавниот интерес, но сепак не смееме да прегазиме преку некои стекнати права кои ги имаат веќе граѓаните во изминатиот период. “ – рече за Pelanet.mk Михаел Димитровски, архитект, раководител на одделение за урбанисти и планери при комората на овластени архитекти и инженери на РМ на денешната прва средба на архитекти во Битола.


„Апсолутно да, знаете инвеститорите секогаш бараат од нас да го добијат максимумот на одредена желба за одреден простор , меѓутоа тука е умешноста на инженерот/архитектот да му објасне на инвеститорит дека максимумот не значи секогаш квадратури и површини туку квалитет на она што значи продажна станбена единица или друг тип на објект. Да му се укаже, значи дека треба да ги едуцираме инвеститорите што добивате со таков тип на проект. Секогаш како архитекти сме обврзани да почитуваме одредени урбанистички параметри и мислам дека тука е најважно да не одиме секогаш против себе туку да ги почитуваме и да не се обидуваме да направиме некои работи кои не се соодветни на законската регулатива.“-рече за pelanet.mk Веселинка Герасимова Петровска , раководител на одделот архитекти во комората на овластени инженери и архитекти , додавајќи „Најпрвин милсма дека со воведување на Тарифникот ќе се воведе урбанистички ред и со таа минимална цена на урбанистичките проекти, дуп-ови и гуп-ови и сл. ќе се дадат на професионалните организации да ги работат заедно со сите елементи кои треба да се исполната за да имаме едн квалитетен детален урбанистички план. Сметам дека тука ќе треба да имаме квалитетни решенија ,малку сме затечени од сегашните состојби , но мислам дека потобро е да се почне покасно отколку воопшто да не се почне во регулација на градбата, рече Веселинка на денешната средба на архитекти во Битола.


Првата годишна средба на архитекти од Македонија со тенденција за постојаност пред членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери постави неколку горливи теми
„Конкретно повеќе работи кои што се случија изминатава година и коишто не тангираат нас професионално. Како на пример ценовникот за инженерески услуги којпто беше донесен годинава и тоа сега од минатиов месец. Ценовникот за урбанистички услуги кој вече две години се применува , предизвиците при нивната примена во изминатиот период и начините како тоа може да се надмине во иднина. Покрај тоа ќе има и други различни теми кои сите нас не тангираат, како што се нашиот дел за проектите и културното наследтство како тема, делови кои се однесуваат на континуирана обука на членовите на Комората, и теми со кои нашите колеги се сртнуваат во секојдневната нивна пракса.“- објасна Михаел Димитровски

https://www.komoraoai.mk/images/komora/izvadok_-SLUBEN_VESNIK_NA_RSM_br_259_od_01122022-_Cenovnik_Inz_Uslugi.pdf


Сепак, Ценовникот беше во фокусот на говорниците од Македонија. Ценовникот се однесува на услугите кои ги наплаќаат физичките и правните лица, регистрирани за вршење на дејности за архитектонски и инженерски услуги, како севкупен трошок за услугите на лиценцираниот правен субјект, а се засметува врз основа на просечна цена на изградба за m² и вкупна инвестициона градежна вредност како вредност на градежни, градежно-занатските, инсталатерски работи и опрема, согласно расположивите податоци од Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.
„Ценовникот е конципиран на три методолошки пристапи. Првиот пристап е дека вие за нешто да изготвите треба да вложите свое време и колку од инженерскиот кадар ќе учествува во изготвувае. Тоа се вика методологија пристап-време-човек заедно со фактор помножен за сите други трошоци што ги има фирмата за да може да излезе еден продукт. “-вели Веселинка Герасимова Петровска , раководител на одделот архитекти во комората на овластени инженери и архитекти.
„Вториот метод е вие да можете да направите инвестициона градежна вредност на објектот според класата на намена и којашто во самиот ценовник ја имаме дадено , таа е една сума по метар квадратен и врз основа на таа инвестиција вие можете да дадете процент колку ќе биде делот од проектната документација , ревизијата, надзорот и сите други делови на инженерската работа.

принтскрин од ценовникот

И третиот метод е базиран врз овие два претходни, а за да може да биде лесно пресметливо е даден по метар квадратен на бруто површина на објектот , меѓутоа тој е секогаш врзан со другите два метода. Значи анализите кога се правени дојдени се до некоја вредност колку треба да биде процентот од инвестицијата колку треба да биде учинокот човек-време фактор и колку ќе биде на крај по метар квадратен. Тие се во паралела заедно истражувани за на крај да се усвојат табели кои не условуваат на процентуална вредност од инвестицијата на градбата на метар квадратен.“
Првата средба на архитекти во Битола се реализира во организација на Комора на овластени архитекти и инженери на Македонија, а во соработка со Градоначалникот на Општина Битола.

Извор фото : Општина Битола + принтскрин


1402

Задолжително

Verified by MonsterInsights