Предновогодишна понуда за добро расположение кое не се плаќа со ништо
Општина Битола и Културен и информативен центар ( КИЦ) Битола Ви сугерираат, наместо да седиме по дома, пред телевизор, да излеземе и да го доживееме празничното расположение со многубројните уметници кои ќе ја споделуваат својата уметност во Офицерски, на Широк Сокак и во Стара чаршија. Битолската „Зимска приказна“ неофицијално започна со концерт на хорска музика , ѕвездите оф фестивалот за детска музика „Тра-ла-ла’ и детската претстава „Новиот Елф“ на Театар Дел Арте. На Широк Сокак пак на пладне , пред кино Манаки и пред Веро се претставија ученици од Државно музичко училиште . Каде да се завртиш – музика, ведрина, добро расположение .


Со настапот на танцовата група EXPOSE , а потоа и музиката од дувачкиот оркестар на Битола во дворот на оФицерски вечерва од 20.00ч официјално ќе започна 8 дневното новогодишно празнување во Битола. Од 22.00ч за млади и стари, или обратно, предвиден е настапот на Група Гром.

Извор фото : Општина Битола